ПРВАТА ЗИМСКА ТРАНСФЕР БОМБА АКТИВИРАНА ВО ПАРИЗ
Објавено на: 14.01.2025
Квича Кваратскелија ќе го реализира првиот голем трансфер во овој зимски преоден рок, а неговиот нов клуб се согласи да исплати 75 милиони евра за неговите услуги.
ПСЖ и Наполи најдоа заеднички јазик на споменатата сума, откако Грузиецот изрази желба уште овој месец да го напушти Неапол. Долгогодишниот договор веќе е на маса и се чека само потпис, односно Кварацкелија да отпатува за Париз каде треба да ги изврши медицинските прегледи, а потоа да се официјализира големата зделка.
Грузискиот крилен офанзивец се поврзуваше со повеќе клубови, како Ливерпул и Барселона, но Светците беа најконкретни во понудата и го примамија со тоа што ќе му доделат статус на прв ѕвезда во тимот кој го води Луис Енрике.