Фудбал

ГОЛЕМА ПОБЕДА НА ЛАПОРТА, БАРСЕЛОНА КОНЕЧНО Е ФИНАНСИСКИ СТАБИЛНА

Освојувањето на шпанскиот Суперкуп беше одличен приказ за она што ги чека навивачите на Барселона во иднина со Ханси Флик на клупата, а сега шлагот на тортата го испорача претседателот Жоан Лапорта.

Имено, Барселона ги подмири финансиските долгови поради кои не можеше да регистрира играчи, пред сѐ Дани Олмо и Пау Виктор, односно веќе нема кршење на правилата на финансискиот ферплеј.

Ова значи дека Каталонците може да пазарат засилувања без никакви проблеми, но и дека Олмо ќе биде регистриран без никакви проблеми за остатокот од сезоната.

Ова е голема победа на Лапорта по повеќе од тригодишен труд за финансиска стабилизација на еден од најпознатите светски спортски колективи.