ТРАБЗОН ЗА БАРДИ Е МИНАТО, НО ДИЛЕМАТА Е ДАЛИ ЌЕ ОСТАНЕ ВО ТУРЦИЈА ИЛИ ЌЕ СЕ ВРАТИ ВО ШПАНИЈА
Објавено на: 15.01.2025
Енис Барди, капитенот на македонската фудбалска репрезентација, го раскина договорот со Трабзонспор и е слободен играч, пренесуваат повеќе турски медиуми.
Според тоа може да се заклучи дека Трабзон ги подмири финансиските барања на Барди и сега како слободен играч може да одлучува каде ќе ја продолжи кариерата.
Наводно, две понуди се на маса за да остане во Турција, Ејуспор и Башакшехир се екипите кои имаат потреба од квалитетите на Барди, но исто така Еспањол и Рајо Ваљекано притискаат за нашиот плејмејкер да се врати во Шпанија.
Барди своите најдобри фудбалски денови ги помина токму во Ла Лига како член на Леванте, што засега е основа на дилемата дали да се врати таму.