КРАЛОТ СЕ ПОБЛИСКУ ДО ТРОНОТ, ДОКАЖУВА ДЕКА Е G.O.A.T.?
Објавено на: 25.01.2023
Леброн Џејмс е се поблиску до рекордот на Карим Абдул-Џабар со постигнатите 46 поени, од кои 9 тројки што е негов личен рекорд, во поразот на Лејкерс од Клиперс со 115:133.

Кралот има негатива од само 177 поени во битката за тронот на вечната листа кај стрелците, што може да биде надмината веќе на следните 5 гостински меча наместо на домашен натпревар како што претходно планираше Леброн Џејмс.
Надминувањето на рекордот на Џабар не е доведено во прашање, но титулата „најдобар играч на сите времиња“ е постојано оган меѓу љубителите на кошарката. Дали со ова достигнување, Леброн ќе се издвои на врвот?