Фудбал

ПЕТАРДА ОД МБАПЕ СО КОЈА НАЈАВУВА НЕШТО СЕНЗАЦИОНАЛНО?

Францускиот репрезентативец постигна 5 гола во победата на ПСЖ против нисколигашот Касел, во рамките на мечевите од Купот на Франција. Победата од 0:7 во 1/16 финалето беше очекувана, но ангажманот и залетот на Клијан можеби и не беше.

Дали со овој скор на овој натпревар, Килијан Мбапе сака да им испрати конечна порака на големите ѕвезди кои се на залезот на кариерата, особено на соиграчот Лионел Меси, дека доаѓа ново време и нов бран на играчи, чии можности се неограничени?

Роналдо, Меси, Левандовски… имаат по 5 гола на еден меч, но Мбапе е најмлад меѓу големите ѕвезди со ваков учинок, со светска титула и со други достигнувања, со кои може да ги помести границите на фудбалот. Ќе го стори ли тоа, расниот напаѓач?