КОШАРКАТА НА НАРОДОТ, ДАЛИ ОВА ЌЕ МУ ПОМИНЕ НА СОПСТВЕНИКОТ НА САНС?
Објавено на: 15.09.2023
Сопственикот на Феникс Санс, Мат Ишбија, најави дека оваа играчка година ќе ги отстрани натпреварите на својот тим од кабелската ТВ мрежа.
Со тоа што мечевите ќе бидат бесплатни за гледање на локалните канали, околу 2 милиона повеќе луѓе, би можеле да ги гледаат НБА средбите на Санс.
Ние не се фокусираме на пари. Се фокусираме на победа, успех и грижа за навивачите. Санс им подаруваат бесплатни ТВ антени во затворен простор на сите обожаватели кои немаат претплата за платена телевизија. Вие само одете на нивната веб-страница, пополнете формулар и тие ќе ја испратат антената до вашата куќа.
Мат Ишбија оди чекор понатаму. Ќе успее ли во пазарната економија на Западот, која е создадена да ги меле луѓето?