КОГА ГО ПОТПИШАА, СИТЕ СЕ СМЕЕЈА – ДАЛИ СЕГА ГО ПРАВАТ ИСТОТО?
Објавено на: 15.09.2023
Австралискиот тренер со грчко потекло дојде во Тотенхем како тотален анонимус за широката фудбалска јавност и беше оценет како уште едно неверојатно промашување на Даниел Леви, првиот оперативец на лондонскиот клуб.
По 4 одиграни кола од новата сезона, Анге Постекоглу е прогласен за менаџер на месецот во Премиелигата, има 4 средби со три победи и едно реми, вкупно 10 бода и второ место на табелата во англиското фудбалско првенство.

Нема некакви вонземни ѕвезди во екипата, освен скромниот Сон и можеби Џејмс Медисон кој дојде од Лестер, неговиот тим игра како по ноти и има постигнато 11, а примено 4 гола што е втор најдобар учинок зад лидерот Сити (12 бода, 11/2).
Кој ќе се смее на крајот на сезоната?