Кошарка

КОНЕЧНО ЕДЕН ВИСТИНСКИ МАЖ ВО НБА ЛИГАТА

Повеќето кошаркари, па и оние најдобрите како Леброн Џејмс и Кевин Дјурант, ја бараа својата среќа во партнерство со други, во посилни екипи, со цел да се закитат со шампионски прстен.

Но, има и такви кои размислуваат поинаку. Демијан Лилард вели дека повеќе би сакал да губи „секоја година“, отколку да им се приклучи на Голден Стејт:

Го почитувам она што го правеа во последните осум, девет години или што и да е. Тоа е нивниот дом, тоа е и мојот дом, од таму потекнувам, но јас не можам да бидам дел од тоа… Нема никаква смисла. Никогаш не правам такво нешто. Подобро е да губам секоја година, пред да одам таму.

Како го оценувате овој став на Лилард?