Фудбал

ПОРАКАТА НА МАРСЕЛО ЗА РОНАЛДО, ГИ БУДИ СОЛЗИТЕ

Кога португалскиот виртуоз си заминуваше од Реал Мадрид, прв му испрати порака оној кој му беше голем пријател на и вон теренот.

Бразилецот Марсело, напиша:

Кој би рекол, Крис! Време е да одиш, наскоро. Се колнам дека не ни замислував дека ќе дојде тој ден! Но, ништо во овој живот не е вечно, се надевам дека ќе бидете многу среќни ти и твојата прекрасна фамилија, и ти во твојот нов клуб.во вашиот нов клуб.

Поминаа 10 години радост, добар фудбал, победи, порази и прекрасни моменти! Ќе ми недостасуваат нашите разговори пред натпреварите, кога ќе ги погодиш резултатите правилно и кога пред финалето ќе не увериш дека се ќе биде во ред!

Горд сум што играв со тебе, не само затоа што си најдобриот играч, туку и поради тоа каков човек си.