ДАЛИ САЛАХ Е НАЈДОБРИОТ ИГРАЧ ВО ИСТОРИЈАТА НА ПРЕМИЕРЛИГАТА?
Објавено на: 18.09.2023
Долги и широки се дебатите околу најдобрите во историјата, според вакви или такви стандарди, според овие или оние статистики, според оваа или онаа ера и слично.

Во ерата на премиерлигашкиот фудбал во Англија, едно име како да отскокнува од останатите. Како да ги надмина тие од минатото, а оние новите како да треба се уште да се докажуваат. Станува збор за Мохамед Салах од Ливерпул:

Со 310 одиграни натпревари, со 188 постигнати гола, со 78 асистенции, со една титула во Премиерлигата и со една во Лигата на шампионите, дали може да го заслужи епитетот најдобар во историјата?