КОЛКУ ПАРИ ИСПУШТИ ОД РАКА МОРАНТ, ПОРАДИ ГЛУПОСТИТЕ?
Објавено на: 17.05.2023
Кошаркарот на Мемфис ја прекина тишината, откако неговата екипа го суспендира поради ново мавтање со пиштол прикажано на видео-снимка, која беше постирана по социјалните мрежи. Ова му беше втор ваков потег во само три месеци, а по првиот беше сериозно финансиски и дисциплински санкциониран.
Франшизата Гризлис го суспендира кошаркарот од секакви активности поврзани со првиот тим и чека понатамошни инструкции од НБА лигата. Освен што плати голема парична казна, по првиот инцидент беше суспендира и со 8 меча неиграње.

Знам дека разочарав многу луѓе кои веруваа во мене. Ова е патување и знам дека треба многу да работам на себе. Можеби моите зборови сега не значат многу, но ги преземам сите последици од моите акции. Посветен сум на работа на себе. – рече Морант во изјава до јавноста.
Поради сето ова, Џа Морант не беше избран во идеалните петорки на крајот на сеозната, што во понатамошниот тек на кариерата ќе го чини 39 милиони американски долари во плата, која можеше да биде многу поголема ако беше избран во составите на крајот на сезоната.