Фудбал

РЕАЛ ИМ ПРЕСУДИ НА БАРСА И ЛИВЕРПУЛ, МОЖЕ ЛИ И НА СИТИ?

Најтрофејната европска екипа е пред најголемиот предизвик сезонава, а тоа е реваншот во полуфиналето во Лигата на шампионите, на Етихад против англискиот шампион и најдобрата екипа на Островот последните 5 години.

Во првиот меч беше реми 1:1 со доминација на домаќинот во поголемиот дел од средбата, гостите постигнаа гол по излезена топка во аут која поради нефудбалски и строго административни толкувања на правилата не беше досудена.

Сезонава пред Реал потклекнаа Барселона во Купот на Кралот со 0:4 во реваншот и Ливерпул во елиминациите во ЛШ со 2:5 во првиот 1/8 финален меч. Може ли мадридскиот клуб да направи уште еден подвиг на теренот каде домаќинот има 14/14 во календарската 2023 година?

Титулата во Шпанија беше загубена единствено поради здравствениот билтен и лошо менаџирање на формата, кое можеби беше и изнудено поради возраста на играчите и состојбата со повредите. Но, во ЛШ пресудна е инспирацијата, а Реал тука е неприкосновен…