Фудбал

ИМААТ ЛИ МУНИЦИЈА ЗА ИСТАНБУЛ?

Интернационале ликува по триумфот во градското и вечно дерби со Милан, по двете победи 1:0 и 0:2 со кои се пласира во големото финале во Лигата на шампионите. Не само што ќе игра за големиот пехар, туку игра одлично и во финишот на сезоната во Италија.

Симоне Инзаги беше пред смена од клупата на нероаѕурите, некаде кон средината на сезоната, за сега да стане светец ако му ја донесе титулата на Интер во елитното натпреварување. Многу нешта зависат од двајцата напаѓачи на насловната фотографија.

Има ли Интер сила да му се спротивстави на победникот од финалето пред финалето, двобојот меѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити, каде скорот пред реваншот е 1:1 и сите карти се отворени? Овие два клуба се фаворити според формата и квалитетот, но ќе се игра само еден натпревар…