КОЈА СЕЛЕКЦИЈА САКАТЕ ДА НИ СЕ ПАДНЕ НА ПАТОТ ДО СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО?
Објавено на: 28.01.2022
Македонија ќе мора да помине два филтра, ако сака да се пласира на следното светско првенство во ракомет за мажи.
Во првата фаза (14-20 март) ќе бидеме носители, а можни противници ни се:
Белгија, Естонија, Фарски Острови, Финска, Израел, Грција, Италија, Романија и Швајцарија.

Во втората фаза (11-17 април) ќе бидеме во подредена позиција, а може да играме со:
Хрватска, Чешка, Германија, Унгарија, Србија, Русија, Црна Гора, Холандија и Исланд.
Ждрепката за баражот е предвидена да се одржи во рамките на финалниот викенд на континенталниот собир, односно на програмата е утре во Будимпешта.