Ракомет

РОМАНИЈА МОЖЕМЕ, ДАЛИ И ЧЕШКА БИ ЈА ПОБЕДИЛЕ?

Првиот противник во квалификациите за следното светско ракометно првенство ќе ни биде селекцијата на Романија. Ако победиме во двата натпревара против Романците, во втората рунда ќе играме два натпревара против Чешка. Ова е исходот од ждрепката во Будимпешта.

Против Романија со која имаме скор 3:2 во наша корист ќе играме во периодот 14-20 март, а против Чешка со која имаме скор 5 победи, 7 порази и 3 реми средби, ќе играме во периодот 11-17 април. Позитивно е што првиот меч се игра во Чешка, вториот е во Скопје.

Можеме ли да се пласираме на следното СП?