Фудбал

КАНАВАРО: СЕЛЕКТОРСКАТА РАБОТА Е КАКО НЕАПОЛСКО КАФЕ

Некогашниот славен италијански фудбалер, а сега тренер, Фабио Канаваро, откри дека сон му е да биде селектор на италијанската репрезентација или да работи во клуб од Серија А.

Канаваро како капитен на Аѕурите, го освои Светско првенство во 2006 година, а сега селектор на Узбекистан, кого го водеше на СП 2026.

Мојата цел и мојот сон, што е нормално, е да работам во Италија и да ја водам репрезентацијата. Работам за тоа, а не да патувам низ светот и да одам во Азија. Сакам да работам како тренер во клупски фудбал. Секојдневниот живот за тренерот е различен. Тоа е она што ви дава адреналин. Работата како селектор е како неаполско кафе. Кратко е, имате само 10 дена во кои не можете да направите грешка, вели Канаваро.

Единствената работа на Канаваро во Серија А досега беше во Удинезе, но тимот го водеше на само пет натпревари.

Го спасив Удинезе. Во 99% од случаите го задржуваат тренерот во таква ситуација. Кај мене беше направен поинаков избор и јас го прифатив. Не ми беше објаснето зошто, но го гледав тоа како искуство, изјави Канаваро.