Фудбал

КОЈ ЌЕ ЈА ОСВОИ ТИТУЛАТА ВО СРБИЈА, ПАРТИЗАН ИЛИ ЗВЕЗДА?

Црвена звезда го совлада Партизан со 2:0 во рамките на 24-то коло во српската фудбалска лига, со што се доближи на само два бода негатива на табелата, на која црно-белите имаат 65 бода на врвот, а црвено-белите имаат 63.

Охи погоди во 30-та минута, Катаи беше прецизен во 43-та минута, а во второто полувреме се играше рутински фудбал од страна на домашната екипа. Првиот меч меѓу овие две екипи заврши 1:1, до крајот на сезоната има 6 кола.

Кој ќе биде шампион на Србија?