Фудбал

ПОВТОРНО Е „ХАКНАТ“ ПРОФИЛОТ НА ФФМ НА ФЕЈСБУК?

Профилот на ФФМ на Фејсбук долго време беше хакиран од некои азиски хакери, кои на него објавуваа видеа и продаваа производи за азиски пазари, но очигледно челниците на федерацијата успеаа некако во последниот период да го стабилизираат и ја превземаа работата во свои раце.

Сепак, денес повторно излезе чудна изјава во која на недоличен јазик се пренесе изјавата на Столе Димитриевски, користејќи го зборот „ј_бига“ и „му_а“.

Па прашуваме, дали оваа објава е повторно од некој хакери, администраторот „пуштил душа“ или во целост е пренесена изјавата на нашиот голман без парафразирање? 🙂