КОЈ Е НАЈЛУЗЕРСКИОТ ТАНДЕМ НА СИТЕ ВРЕМИЊА?
Објавено на: 21.04.2023
Екипата на Манчестер Јунајтед испадна од конкуренција во Лига Европа, со голем пораз на гостувањето кај Севиља, со конечни 3:0 за домашната екипа. Погодоците ги постигнаа Ен Несири во 8-та и во 81-та минута и Баде во 47-та минута.

Црвените ѓаволи имаа предност од два гола на првиот меч, но во последните 10-тина минути си постигнаа два ефектни автогола преку Маласија во 84-та минута и Хари Мегвајер во 90+2-та минута, а на реваншот имаа два големи кикса.

Едната грешка беше на централниот дефанзивец Хари Мегвајер при првиот примен гола, а другата на голманот Давид Де Хеа при последниот погодок на домашната екипа. Дали е време овие двајца да се збогуваат со дресот на екипата од Олд Трафорд?