Фудбал

ГОЛЕМ ПРЕСВРТ: НА ЈУВЕНТУС МУ СЕ ВРАЌААТ 15 БОДОВИ

На правните разврски во Италија се чини дека им се гледа крајот, бидејќи според италијанските медиуми Јувентус најверојатно ќе ги добие 15 бодови назад на своето конто.

Што се случи поточно? Главниот обвинител до италијанскиот спортски суд достави изјава според која нема доволно цврсти докази дека најтрофејниот клуб во Италија успеал да манипулира со износите за трансфери на играчите и потребно е друга судска истанца да го превземе процесот.

Додека тоа се случи, италијанските медиуми од судски извори откриваат дека на Јувентус ќе му бидат вратени 15 бодови кои им беа одземени во Јануари и со тоа тие ќе се вратат на третото место, пред Рома, Милан, Интер и Аталанта.

Сепак, официјалната потврда се очекува да биде денес по 16:00 часот.