Фудбал

НАЈТОЧНИОТ ОДГОВОР НА СИТЕ ВРЕМИЊА

Јувентус си ги доби назад 15-те бода кои ги загуби во јануари, поради финансиски скандал во кој наводно била вмешана Старата дама од Торино. Се испостави дека обвинувањата биле лажни, па пресудата беше поништена.

Кога беше прашан за исходот од овој судски спор на Јувентус и италијанските власти, од страна на еден спортски новинар, тренерот на Рома, екипата од престолнината на земјата на Аѕурите одговори точно, прецизно и егзактно:

Репортер:

А, што е со 15-то бода кои му се вратени на Јувентус?

Мурињо:

Бодовите му беа вратени пред три месеци. Јас сум во Италија четири години, не сум четири дена.

Што сакаше да каже португалскиот стратег, кој седи на клупата на Рома? Сега Јуве има 59 бода на третата позиција, три пред Рома, 2 зад лацио и 16 зад лидерот Наполи.