Фудбал

ЌЕ УСПЕЕ ЛИ РОНАЛДО ДА ГО ПОМИНЕ БЕКАМ?

Португалскиот фудбалски мајстор има 11 гола од слободни удари и атакува на рекордот на Дејвид Бекам, но дали има време да стигне до ново врвно остварување?

Англискиот мегапопуларен фудбалер, икона на едно време, постигна 18 гола од слободните удари. Кристијано во моментов има 11 и се наоѓа на делба на третата позиција на листата.

Пред него се Зола и Анри со по 12 прецизни удари преку живиот ѕид. Што прогнозирате, може ли Роналдо да стигне до бројката 19?