РАЗЛИКАТА МЕЃУ РАЗВОЈНАТА ЛИГА И ЕВРОПСКАТА КОШАРКА
Објавено на: 23.12.2021
Во едно интервју за еден кошаркарски подкаст, австрискиот тренер Мартин Шилер се пожали дека постои огромна разлика меѓу тренерлукот во Европа и во САД. Тој има искуство од развојната НБА лига и во Евролигата.
Мартин Шилер (39) беше прогласен за тренер на годината во Џ лигата откако со Солт Лејк Сити Старс дојде до скор 30/12 во сезоната 2019/20, а таму беше тренер од 2017-та.

Во Жалгирис дојде во јули 2020, беше отпуштен во октомври 2021 под образложение дека екипата не игра како што е замислено. Претходно ги освои Купот и титулата во Литванија, имаше 4/0 скор во лигата во новата сезона и 0/2 во Евролига.
Во Џ лигата, и да имаш скор 3/20 не мора да значи дека ќе бидеш отпуштен. Во Европа ако ги загубиш првите 5 натпревари, твојата тренерска кариера е во опасност. – изјави Шилер.
Тоа најверојатно е поради ова:
Или поради ова:
Или можеби поради ова:
Којзнае зошто… Вие што мислите?