ДАЛИ И ЗОШТО ФЕРСТАПЕН ЈА ЗАСЛУЖИ ТИТУЛАТА?
Објавено на: 24.12.2021
Холандскиот возач е првиот од неговата земја кој се закити со престижната награда – Формула 1 шампион, во сезоната 2021-ва. Тоа се случи во екстремно контроверзна година.
Но, еден податок оди во прилог на тврдењето дека Макс Ферстапен од Ред Бул, кој во последниот круг на последната трка го помина Луис Хамилтон и го освои трофејот, сепак заслужи да биде првак.

Ферстапен водеше 652 круга во текот на сезоната, Хамилтон беше во водство во текот на 297 круга, а ниту еден друг не успеа да води повеќе од 100 круга. Заслужено, или не?