Фудбал

ЌЕ СЕ ЗАНЕСУВАТЕ СО ПАРИТЕ? Е, ПА, КАЈ МЕНЕ НЕМА!

Тренерот што изгради свој стил во светот на фудбалот, на моменти контроверзен, но секогаш уникатен и инспиративен за многу играчи и генерации кои биле под неговата палка, остави зад себе дотогаш невиден момент за паметење.

На почетокот на кариерата во Англија, Марсело Биелса се распрашувал колку треба да работи просечен работник, со цел да може да купи еден просечен билет за натпреварите на премиерлигашката екипа Лидс, на чија клупа седи тој (од 2018-та година).

Одговорот бил три часа, па затоа аргентинскиот стратег на неговите играчи им наредил да собираат ѓубре околу центарот за тренинг на нивниот клуб, со цел да ги доживеат моментите што треба да ги помине еден обичен човек, кој сака да ги гледа од трибините.

Во моментов, Лидс за кој настапува нашиот Езџан Алијоски е на средината на табелата во Премиер лигата, сигурен и безбеден далеку од зоната на испаѓање и на моменти конкурентен со екипите од горниот дел на поредокот во англиското фудбалско првенство.