Фудбал

САКАШ ДА ПЦУЕШ? ИДИ ДА СЕ БАЊАШ!

За време на дуелот кај Парма при сигурно водство од 0:2, миланезите останаа со човек помалку иако секој бод до крајот на првенството е витален, во обидот да се стигне градскиот ривал Интер на врвот на табелата. Освен тоа, директно исклучениот, автоматски нема да игра на следните два меча.

Мисијата за победа беше исполнета, но контроверзниот Ибрахимовиќ заработи исклучување за приговор кон судијата Ди Бело, кој воопшто не размислуваше и го испрати Златан на туширање и предвремено завршување на мечот, според шпекулациите, поради упатените зборови „ти си коп*ле“.