Фудбал

ЌЕ ПОБЕДИ ТОТАЛНИОТ МОДЕРЕН ФУДБАЛ ИЛИ ГАРАНТОТ ЗА КОНТРОВЕРЗИИ?

Нема голем натпревар, во кој се инволвирани Аргентина и нејзините фудбалски лидери, да не се случи некаква контроверзија по која најчесто тие биваат почастени за пенал, или два, за по некој црвен картон, за по некој гол со рака со кој освојуваат титули и слично.

„Познавачите“ на фудбалот ќе констатираат дека тоа е тој јужноамерикански менталитет и темперамент, тоа било она што ги краси фудбалерите кои доаѓаат од овој предел на светот. А, дали сме размислувале некогаш дека тоа практично го сквернави фудбалот, сите тие недозволени средства и потези кои поминуваат неказнето и поради кои други генерации се казнети?

Играш фудбал цел живот, доаѓа Марадона и ти дава гол со рака, го нарекуваат „Hand of God“. Играш фудбал цел живот, доаѓа Меси и изнудува непостоечки пенал или паѓа како покосен без да биде допрен, по што добиваш црвен картон и аргентинците си победуваат глатко против 10 фудбалери што во современата игра е частовка од невидени размери. Ви звучи познато? Да не зборуваме за испадите на Чоло Симеоне во клупскиот фудбал, тоа е друга тема…

Доаѓа Франција и во финале го гази Бразил со 3:0. Истата таа Франција владее на фудбалската сцена во наредните 24 години. Има шанса да ја одбрани титулата. Контроверзии нема, но има спорни моменти (како на пример „пеналот“ вчера против Мароко, кој го „направи“ Ернандез) кои се производ на толкувањето на правилата од страна на фудбалската куќа наречена ФИФА. Во звучи познато?

Сакате да победи тоталниот фудбал, кој неправедно им се препишува(ше) на други, или разјарената и гладна толпа која одамна го нема ниту помирисано она што мисли дека и е од Боговите дадено и за неа направено?