АРГЕНТИНЦИТЕ ГИ ФРЛАА ДРЕСОВИТЕ НА ХРВАТИТЕ ВО ЃУБРЕ
Објавено на: 14.12.2022
Аргентина се пласираше во финалето на Светското првенство по убедливата победа од 3:0 на Хрватска, но се чини дека дамка на нивната доминацијата на теренот ќе остави нивната инфериорност во спортскиот ферплеј по натпреварот.
На видео кое го објави Пауло Дибала на Тик-Ток се гледа дел од атмосферата на Аргентинците во соблекувалната, но исто така и грозниот чин да се фрли дресот на противникот во канта за отпадоците, откако неколку минути претходно си го разменил со својот противник.
Па така, се гледа на видеото како еден човек веројатно од стручниот штаб го фрла дресот на Хрватска во канта за отпадоци. За да биде бруката уште поголема, Кристијан Ромеро го вади од ѓубре дресот и мава соиграч со него.
Погледнете:
@paulodybala VAMOS ARGENTINAAAAA 💙💙💙💙#fyp #argentina #worldcup ♬ sonido original – Paulo Dybala