КАТАР КУПУВА И НАТПРЕВАРИ НА СП?
Објавено на: 17.11.2022
До каде ќе оди ова со Катарците? Ќе има ли нешто што нема да биде сомнително на претстојното светско првенство? Последна шпекулација која се појави, е обидот да се купи резултатит на првиот меч на мундијалот.
Неколку инсајдерски извори од Катар и од Еквадор од кои протекле информации кои не се официјални и не се потврдени, велат дека наводно 8 фудбалери на Еквадор биле поткупени со сума од 7.4 милиони американски долари, со цел мечот на отворањето да заврши 1:0 за домаќинот.

Дали е ова можно? Дали е ова вситина? Дали вреди да се игра фудбал, воопшто, ако се потврдат ваквите шпекулации? Јасно е дека во следниот период Катар ќе се бомбардира од сите страни со вакви и секакви вести, но дали ќе важи изреката „каде има дим, таму има и оган“?