КОЈ ЌЕ ЈА ОСВОИ ЗЛАТНАТА КОПАЧКА ВО КАТАР?
Објавено на: 18.11.2022
Листата на фудбалери кои ќе блеснат на претстојното светско првенство ќе биде долга и богата, а на неа сигурно ќе се најде и по некое име кое никој не го очекувал.
Особено е ценета листата на стрелците на головите на мундијалите, кои најчесто се големи ѕвезди на светскиот фудбал уште долго пред да излезат на големата сцена.

Ќе биде ли така и во Катар 2022? Еве ги нашите предлози, а вие додадете некој ако мислите дека ќе го преземе приматот кај голгетерите на претстојното СП:
Хари Кејн
Карим Бензема
Нејмар
Лионел Меси
Кристијано Роналдо
Килијан Мбапе
Не се наредени по редослед, туку по случаен избор. Имате ли друг предлог?