ТИТЕ НЕ ГИ ПУШТА КРАЛЕВИТЕ ВО ПРВИОТ СОСТАВ
Објавено на: 17.11.2022
Бразилскиот селектор е на слатки маки, но има и огромна одговорност пред себе. Во Катар отпатува со беспрекорен состав, во кој нема слаба алка на ниту една позиција. Притисокот е сериозен, затоа што кариоките се сериозен кандидат за титулата.
Проблемите на Тите одат дотаму, што тој решил да не ги изведе во првиот состав тројцата истакнати фудбалери на Реал Мадрид, со кои Кралскиот клуб ја освои Лигата на шампионите и покажа дека е најдобрата екипа на Стариот континент.

Винициус, Милитао и Родриго беа круцијален дел од минатата шампионска сезона, во Шпанија и во Европа и секој имаше своја улога во освојувањето на двата најзначајни пехара. Дали бразилскиот селектор ризикува или сепак тактизира?