Фудбал

КАМБЕКОТ Е РЕЧИСИ ДОГОВОРЕН – ЕЛМАС ЌЕ ИГРА ЗА МУРИЊО!

Турските медиуми го најавија камбекот на Елиф Елмас во Фенербахче како бомбастична информација, откако нашиот дијамант му кажал ДА на својот поранешен клуб.

Веќе се остварени првите контакти со Лајпциг за реализација на трансферот во претстојниот зимски преоден рок, по наредба на Жозе Мурињо кој дал зелено светло за да се тргне по потписот на 25-годишниот македонски репрезентативец.

Потешкиот дел останува клубовите да најдат заеднички јазик околу сумата. Лајпциг настојува на 15 милиони евра, цена што ја постави откако стана јасно дека услугите на Елмас веќе не се потребни за бундеслигашот. Црвените бикови ќе бидат во загуба со оглед на тоа дека платија 24 милиони евра за Елмас минатата година кога го откупија неговиот договор од Наполи, но за нашата јавност е важно што дијамантот конечно ќе оди во клуб кадешто ќе игра редовно, и тоа под палката на Специјалниот.