КАРЛО АНЧЕЛОТИ ПЕЕ ПО СВАДБИ
Објавено на: 10.09.2024
Замисли, одиш на свадба и таму на микрофонот „рока“ Карло Анчелоти?
Ако не ти се верува дека ваков епилог е можен, погледни го видеото од подолу.
View this post on Instagram
За да не остане недоречено, да објасниме за што станува збор. Викендов, неговиот поранешен шеф од времето кога Дон Карло беше кормилар на Милан, Адријано Галијани, по 12 годишна врска на 80 години стапи повторно во брак, со Хелга Коста. Свадбата се одржа во Вила Гернето, а освен Анчелоти, присутни беа и многу јавни личности како Флавио Бриаторе, Паоло Берлускони (синот на Силвио), Макс Алегри, Алесандро Неста, Браида, Монтоливо, многу играчи од Монца, како и поранешниот технички директор, Леондардо.
Му честитаме брак и да си дочека златна свадба.