Фудбал

ШТО НОГА ЌЕ ИМАШЕ ОВОЈ КАНДРЕВА (ВИДЕО)

Антонио Кандрева со ново голчиште од далечина го замолкна „Диего Марадона“ за 1-0 во корист на Салернитана на гостувањето кај Наполи. Искусниот италијански фудбалер не знае да постигнува обични голови, само вакви магии од далечина.

 

Со мајсторијата во 29-тата минута, Кандрева го постигна шестиот гол надвор од 16-никот од стартот на 2023 година и е најефикасен играч во топ 5 лигите во овој сегмент.

Наполи инаку го анулираше водството на гостите преку Политано кој беше прецизен од пенал за 1-1 пред истекот на полувремето.