Фудбал

НИЕДЕН КЛУБ НЕ СООПШТУВА ЗАСИЛУВАЊЕ КАКО БАРНЛИ (ВИДЕО)

Давид Датро Фофана e нов член на премиерлигашот Барнли кој доаѓа како позајмен играч од редовите на Челси. Офанзивецот со потекло од БСК ќе игра за Кларетите до крајот на сезоната, а спотот со кој го соопштија овој привремен трансфер е посебен.

Менаџерите на социјалните мрежи на англискиот клуб објавија монтирано видео од култната сцена на филмскиот класик „Е.Т.“, за да го најават доаѓањето на нивниот нов фудбалер. За Барнли ова не е новитет, бидејќи и во минатото ги соопштуваа засилувањата на сличен начин, со монтажи од популарни филмови.