Ракомет

ТАКТИКАТА НА МАКЕДОНЦИТЕ Е „ГРДА“

Ракометната репрезентација на Македонија утре (20:30 часот) ќе ги одмери силите со домаќинот Германија во второто коло од Европското првенство, а во пресрет на мечот голманот Аднреас Волф со провокативна изјава ги „нападна“ нашите ракометари.

„Против Швајцарија издоминиравме, но сега нѐ очекува сосема поинаков меч против Македонија. Пред нас е натпревар кој може да биде здодевен за гледачите, поради тактиката на македонската репрезентација. Тие играат „грдо“, со 7 на 6 во нападот, што воопшто не ми се допаѓа, бидејќи може да биде проблематично за нас. Сигурно дека потешко е да се браниш против таква тактика“, истакна голманот на Германија.

Ваквата изјава со сигурност ќе влее нервоза, но и самодоверба кај избраниците на Лазаров, која може да ја преточат на теренот на позитивен начин и да ја изненадат ракометната велесила среде Берлин.

Што се однесува до натпреварот Македонија – Германија, во Златна Копачка ќе може да типувате на безброј начини и да ја искористите посебната понуда за да добиете БОНУС на вашата потенцијална добивка.