КАКО МОЖЕ СИТИ ДА БИДЕ ПРЕД РЕАЛ?
Објавено на: 17.10.2022
Како може екипата која потроши сто милијарди евра за половина деценија да биде изгласана за екипа на годината, во годината кога беше преслушана на големата и најбитна сцена, од рекордерот и најтрофејниот европски клуб во историјата?

Реал Мадрид на патот до 14-та европска титула (Милан е втор со 7) ги помина ПСЖ, Челси, Сити и Ливерпул, им одржа на сите лекции по фудбал, покажа што значи традиција и еснафлук, како вистински се трошат парите во согласност со фер-плејот на УЕФА и како се освојуваат големите пехари.

Франс Фудбал го кажа своето. Сити или Реал, што велите вие?