Кошарка

ДО КОГА НБА ЌЕ ГО ТОЛЕРИРА ХАРДЕН?

Екипата на Бостон заслужено славеше против Филаделфија, на отворањето на новата НБА сезона со скор 126:117 во Бостон Гарден. Тејтум и Браун имаа по 35 поени во натпреварот кој помина во знак на непочитувањето на Џејмс Харден кон противникот.

Првото име кај Филаделфија имаше личен рекорд во овој дрес со 35 поени од кои 12/12 од линијата за слободни фрлања, патем реализира и 5 тројки. Онаа на видеото не ја погоди, откако прво го исфрли Смарт од игра, а потоа сакаше да го понижи:

Кој се понижи повеќе? Ние велиме Брадата, а вие?