Фудбал

ИГРАЧОТ ШТО НА ЛЕТО ЌЕ ЧИНИ ПОВЕЌЕ ОД 100 МИЛИОНИ ЕВРА?

Францускиот репрезентативец игра во одлична форма, а тоа не може да остане незабележано од скаутите и луѓето задолжени за фудбалската статистика на Стариот континент, каде фудбалот се повеќе зема замав и се впива во сите пори на човековото живеење.

Рандал Коло-Муани е директно инволвиран во 28 гола на 28 одиграни натпревари во текот на оваа сезона, која има уште многу до крајот, во редовите на бундеслигашот Ајнтрахт Франкфурт. Цената на напаѓачот вртоглаво расте, а неговиот актуелен тим го проценува на чиста 100-ка.

Играчот кој дојде од Нант и се обврза на договор до 2027-та, а има 23 години, ќе биде цел на големите клубови во летниот преоден рок. Иако ја промаши шансата на СП со која можеше да се прослави, сепак, за колку ќе го продаде Ајнтрахт, овој француски бисер?