Кошарка

ЏЕЈСОН ТЕЈТУМ ИГРАШЕ СО ПОТАЧ НА КОБИ БРАЈАНТ

Екипата на Бостон славеше во мајсторката против Мајами, на теренот на екипата на Хит и со вкупен скор 4:3 во источното финале се пласира во големото финале на НБА лигата, во борбата за трофејот Лери О’Брајан.

Клучна фигура во триумфот беше Џејсон Тејтум, кој ја освои инаугуралната МВП награда на финалето на Истокот, од чиј репертоар издвојуваме два клучни потега според кои ќе го наречеме новиот Mr. Clutch:

Еден куриозитет го одбележа и овој меч – главниот актер настапи со потач на починатиот Коби Брајант, легендата на Лејкерс, најлутиот ривал на Бостон Селтикс, кој сепак беше поголем од сите ривалства!

Селтикс славеа со 96:100, Тејтум имаше реализација 26 поени, 10 скока, 6 асистенции и 2 блокади за 46 минути. Во финалето го чека пресметка со Голден Стејт Вориорс. Кој ќе ја освои титулата во НБА лигата?