Фудбал

ОД КОГА ТОА СЕ ПРАВИ ПАРАДА ЗА ПОРАЗ ВО ФИНАЛЕ?

Фудбалерите на Ливерпул се изнажуркаа по враќањето дома, откако добија лекција по фудбал во финалниот натпревар во Лигата на шампионите од Реал Мадрид и беа совладани со 0:1.

Освен што имаа парада со отворени автобуси, фудбалерите на Ливерпул беа придружувани од шкотскиот ДЏ и продуцент Калвин Харис, кој најверојатно бил таксан за победничка забава.

Еден од највеселите на парадата беше Трент-Александер Арнолд, кој заедно со насобраната маса луѓе ја пееше неофицијалната химна на Ливерпул, изведена од Харис и Дуа Липа – One kiss.

Во меѓувреме, своја парада имаа и фудбалерите на Реал Мадрид, кои го освоија големиот Ушко по 14-ти пат во клупската историја, 5-ти пат од 2014-та година што е круна за бесмртноста на оваа генерација.