ПРОСЛАВАТА НА ТИТУЛАТА ЗА ИНТЕР СТАНА ПРОБЛЕМ НА МИЛАН
Објавено на: 04.05.2026
За време на прославата на шампионската титула на Интер, дел од еуфоријата излезе од контрола во центарот на Милано.
Излозите на официјалниот фан-шоп на Милан на улицата Via Dante беа оштетени и прекриени со бројни налепници во боите на Интер. Денес од раните утрински часови, екипите за одржување на хигиената се зафатија со работа, одлепувајќи ги илјадниците налепници на излозите.
View this post on Instagram
Да ги потсетиме во Милан дека Интер најави голема прослава на 17.05.2026, откако ќе го земат и трофејот во своите раце, традиционално на последниот домашен натпревар. Истото сценарио би можело и тогаш да се повтори.