Фудбал

РУДИГЕР СЕ ИСМЕВАШЕ НА КИКСОТ НА БАРСА: КАКО ЗАВРШИ?!?! (ВИДЕО)

Новиот кикс на Барселона, овојпат пораз со минимални 0-1 дома од Леганес, на големо се славеше во Мадрид.

Особено среќен беше стоперот на Кралевите, Тони Рудигер, кој за време на еден настан на „Ред бул“, го провери конечниот резултат од средбата која Каталонците ја загубија и не можеше да престане да се смее и да „ликува“.

Новиот пораз ги стави Каталонците во незавидна ситуација, моментално се лидери во Ла Лига но само поради подобрата гол-разлика од Атлетико, а зад овие две екипи е Реал Мадрид со 37 бода, или еден бод помалку.

Барса може и да го загуби првото место пред зимската пауза, доколку загуби во директиот дуел против Јоганџиите за врвот на табелата, на 21 декември.