ЛЕБРОН ПО СТАПКИТЕ НА ЏОРДАН, ЌЕ БИДЕ ГАЗДА ПРИ ПРОШИРУВАЊЕТО НА НБА
Објавено на: 27.08.2024
Леброн Џејмс пред извесно време ја продолжи соработката со ЛА лејкерс на 1+1 година договор, со цел да си го оствари сонот да заигра заедно со синот Брони.
Брони веќе е драфтуван во Лејкерс иако јавноста има поделено мислење, односно дека сѐ уште нема квалитет за НБА. Како и да е, Леброн оваа или следната сезона ќе игра со најстариот син, а од 2026 година планира да ја смени својата улога во најпопуларната кошаркарска лига во светот.
Имено, се планира проширување на НБА лигата на најмалку два нови тима, а франшизите би требало да добијат седиште во Лас Вегас, Сиетл, или пак во Мексико сити, што би било револуционерен потег.
Џејмс сака да инвестира во една од франшизите кои ќе се приклучат на НБА, па по стапките на Мајкл Џордан да биде газда на кошаркарски клуб.