НОЛЕ НЕ ЗНАЕЈЌИ ПОСТАВИ РЕКОРД НА УС ОПЕН
Објавено на: 27.08.2024
Новак Ѓоковиќ ноќеска за нешто повеќе од два часа ја забележа првата победа на УС Опен откако во три брзи сета го реши Молдавецот Раду Албот во првото коло.
Актуелниот олимписки шампион на сигурен начин тргна во одбрана на титулата во Њујорк, но не знаеше дека токму оваа победа е посебна со која постави нов рекорд на „Артур Еш“ арената.
Триумфот над Албот беше вкупно 78-ми за Ѓоковиќ на популарниот њујоршки терен, никој повеќе не се радувал на „Артур Еш“ од српскиот тенисер.
„Искрено, не знаев дека е рекордна победа на овој терен. Инаку, уживам кога играм на „Артур Еш“, ова е најголемата арена со дефинитивно најгласната публика. Особено е гласно откако го додадоа кровот“, истакна Ѓоковиќ по мечот.
Во второто коло Ѓоковиќ ќе ги одмери силите со сонародникот Ласло Ѓере.