Фудбал

КУЦКА И СЛОВАН БРАТИСЛАВА СЛАВЕА КОГА ИМ ПАДНА МИЛАН (ВИДЕО)

Ждребот за првата фаза од Лигата на шампионите за некого донесе радост, за некого очај, но за сите нас веруваме дека голем адреналин пред претстојната сезона бидејќи секој натпревар, секој гол и бод ќе биде од голема важност.

Не знаеме дали славјето на Јурај Куцка е од радост поради фактот што Милан и не е во така добра форма или поради тоа што повторно ќе игра против својот поранешен тим, но овој пат не пред росонерите на Сан Сиро туку во Братислава.