Фудбал

СТРАСТВЕН БАКНЕЖ КАКО НАГРАДА ЗА ПЛАСМАНОТ ВО ПОЛУФИНАЛЕТО (ВИДЕО)

Фиорентина мораше да игра дополнителни 30 минути за да стигне до победничкиот гол против Плзен за пласман во полуфиналето од Конференциската лига.

Нико Гонзалес беше човекот од одлука со неговиот погодок само две минути по стартот на продолженија, кога на тренерот Винченцо Италијано му падна камен од срце. Радоста за решавачкиот гол го натера Италијано на момент да се избезуми, па тргна да ја бакне новинарката која известуваше за споменатиот натпревар.

Па така, Ванеса Леонарди доби страствен бакнеж од предводникот на Виолетовите.

Целата ситуација може да ја погледнете на следниот ЛИНК.