Фудбал

ИНТЕР И МИЛАН ЗАЕДНИЧКИ ВЛЕГУВААТ ВО NBA?

Иако навидум се лути ривали на теренот, сепак надвор од него функционираат одлично, а по договорот за откупување на Сан Сиро и градење на нов стадион, следува нов заеднички потег на сопствениците.

Според италијанските медиуми, инвестицискиот фонд „Оуктри“ кој е сопственик на Интер и „Ред Брд“ кој е сопственик на Милан, со здружени сили сакаат да земат учество во NBA Europe, проект кој се најавува како пандан на Евролигата во Европа.

Планот е инвестираат во тимот Олимпија од Милано, а како партнер ќе се јави и „Армани“. Целта е да се создаде франшиза која подготвено ќе го дочека летото во 2027 година, кога се најавува дека ќе започне проектот NBA Europe.

Очигледно е дека најмоќната кошаркарска лига е во голема офанзива и дека најразвиените европски земји, или поточно нивните клубови, сè повеќе размислуваат да се приклучат на овој проект, пред сè поради големите ветени финансиски придобивки.