ТИКЕТ ОД ИГОР ТРПЕСКИ ЗА ПОСЛЕДНИОТ ВИКЕНД ВО ОКТОМВРИ
Објавено на: 24.10.2025
Измина и овој месец, кој се надеваме дека ќе го заокружиме со два добитни тикети. Затоа, подготвив тикет со нашите пријатели од Златна Копачка со кој се надевам дека успешно ќе ги типувам следните шест пара.
Зошто и како ги избрав, може да прочитате во кратката анализа подолу.
ЊУКАСЛ vs ФУЛАМ: 1
Домаќините играат во добра форма, а очекувам добрата партија од Лигата на шампионите против Бенфика да ја репризираат против Фулам викендов. Затоа чиста победа за тимот од Сент Џејмс Парк и нови три бода на контото.
МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД vs БРАЈТОН: 2+ ВТОРО ПОЛУВРЕМЕ
Очекувам голови, но место да играм 1+ во прво и 1+ во второ или можеби 3+, се одлучив на оваа игра за зголемување на коефициентот. Брајтон игра напаѓачки фудбал, Манчестер Јунајтед дома ќе биде приморан да нападне, па затоа очекувам мрежите да не мируваат од тресење, а на наша среќа се надеваме дека тоа ќе биде во второто полувреме.
АРСЕНАЛ vs КРИСТАЛ ПАЛАС: 1
Континуираната добра форма на топчиите нема зошто да не продолжи и викендов. Арсенал го пречекува Кристал Палас во малото лондонско дерби, а мој тип за овој дуел е сигурен 1.
НАПОЛИ vs ИНТЕР: ГГ
Југот на Италија очекуваме да се запали, бидејќи на стадионот Диего Марадона гостува најлутиот ривал на наполитанците од претходната сезона. Наполи е во лоша форма, нема победа три натпревари, но дерби си е дерби, па очекувам и двете екипи да имаат свои моменти и барем по еднаш да ја затресат мрежата на противникот.

Б. ДОРТМУНД vs КЕЛН
Милионерите играа во Лигата на шампионите пред неколку дена, а за претстојниот дуел со Келн очекувам да има 1-3 гола во прво и 1-3 гола во второ. Зошто? Зошто гостите ќе посакуваат да го искористат заморот во нозете на домаќините, а тимот на Нико Ковач веројатно ќе сака што побрзо да ја заврши работата.
Затоа, мој тип за овој дуел е 1-3 во прво и 1-3 во второ.
Б. МЕХЕНГЛАДБАХ vs БАЕРН МИНХЕН
Мехенгладбах стандардно е нејнезгодниот противник за Баерн Минхен, кој фуриозно ја започна сезоната. Можеби нема да изгубат бодови ни тука, но очекувам домаќините барем еднаш да ја затресат мрежата на Ноер.
Доколку ти се допаѓа овој предлог тикет, можеш да го уплатиш во било кое уплатно место на Златна Копачка до утре (сабота) до 15:29 часот со кажување на следниот код: 235808
И да потсетиме, цел викенд во Златна Копачка добиваш ваучер на секој трет уплатен тикет. Математиката е следна: Уплаќаш три, добиваш еден ваучер, па потоа повторно добиваш ваучер на шестиот, деветтиот и така натаму и така натаму.
Повеќе за оваа понуда можеш да прочиташ на: LINK