Фудбал

ФИНАЛИСТ ВО ЛШ МУ СЕ НУДИ НА МОДРИЌ

Лука Модриќ ја заврши приказната во Мадрид по 13 години успешно носење на дресот на Реал, каде стана еден од најтрофејните фудбалери на Стариот Континент. Шесткратниот европски шампион иако посакуваше барем уште една сезона да биде дел од кралското семејство пред да стави крај на кариерата, Реал не му ја исполни таа желба, па сега последниот танц Хрватот ќе го одигра на друго место.

Познати се понудите од МЛС лигата, САД отсекогаш била топ дестинација за фудбалски ветерани, но тука е и интересот од Саудиска Арабија. Сепак, знаејќи дека Модриќ смета дека уште може да игра на врвно ниво, еден повик може да смени сè.

Имено, Интер веќе воспостави контакт со претставниците на Лука околу потенцијалтен ангажман, кој би можел да се оствари набрзо по завршувањето на финалето во Лигата на шампионите. Нероаѕурите на Модриќ му нудат играње во ЛШ и на негови 40 години, како и шанса да освојување уште трофеи, а сето тоа може да почне уште на Светското клупско првенство.

Доколку шпекулациите се точни, Модриќ може да го прифати предизвикот да игра во Серија А уште на почетокот на следниот месец.